јан 23 2011

Сатаниел

Вовед во геј онлајн-дејтинг културата

Posted at 8:37 pm under Некатегоризирано

„Розеви списоци„ се нарекувале листите со имиња на хомосексуалци кои германските тајни служби ги воделе заради прогон и чистка на „неподобните елементи„. Да беа денес оперативни истите служби, нивната работа би била полесна од кога било. Gayromeo, gaydar, smokva се имињата на новите розеви спосоци во кои се наоѓаат профилите на илјадници хомосексуалци, бисексуалци и лезбејки. Но овој пат секако доброволно, бидејќи се работи за дејтинг сајтови во кои секој може да си отвори профил, да го пополни со лични податоци и да стапи во контакт со други корисници. Нема потреба да се прашувате веќе од каде му дошла на Зукерберг идејата за фејсбук. Но додека денешните клинци допрва ги учат цаките околу тоа како се фаќа женска или дечко на фејсбук (кого да аднеш, кој манипулира со profile pics, кој е манијак, кој не итн.), педерите уште пред 10 години се чини го имаат апсолвирано овој „новитет„ и тоа до таа мера што геј културата денес не може да се замисли без овие средства за комуникација.

Како беше во ерата пред гејромео, речиси и ретко кој се сеќава. Од постари педери, го имам слушано муабетот дека многу многу одамна пред Христа, уште пред да постоеше компјутер, имало јавен крузинг на железничка, на Терминал (сега кај што е црквата Богородица на Трифке), по јавни тоалети… Потоа се појавија секс огласи во М-Експрес, на ТВ Амазон и на Тв Крт после 12, во стилот „Господин 35 год. бара помлад господин за дискретни средби.„ Културно, отмено, небаре воопшто немаат намера да се ебат, туку да пијат чајче од кинески порцелан. Потоа дојде Мирц на дајл-ап, арно ама дигитални фотки беа уште мисловна именка. Од таму потекнува праксата што дури и денес тешко се искоренува, кога некој ќе ти рече “asl pls” иако ти го гледа профилот на кој убаво стои дека си машко од Скопје со дваесет и кусур години. Или не дај Боже да ти рече „опиши се„, па тогаш почнуваш како на хот-лајн да измислуваш цифри „185цм, 90 кг, 20цм, 90-60-90, атлетски граден, плави очи, сина шапка, црвено шалче, црвено носе..„

Не знам точно кога фатија корен gayromeo и останатите геј-дејтинг сајтови, но битно ја изменија сликата на геј дејтингот. Тие дојдоа како благослов пред се во провинцијалните средини (во кои спаѓа топтан цела Македонија сосе Скопје) каде постоеше минимална или сосема никаква геј-инфраструктура. Интернетот ја донесе геј-револуцијата во ова општество во кое хомосексуалноста беше кривично дело се до 1996. Наеднаш никој веќе не беше осуден да скапува очајнички мислејќи дека е првиот и последниот педер на светот, бидејќи со неколку клика на маусот лесно можеа да се најдат истомисленици во поблиската околина, каде и да е тоа. За многумина, дури и можноста да прават муабет со други гејови преку илјадници километри оддалечени од нив, беше и останува просветление во однос на алтернативата на затуцаноста на родното место.

Иако во Скопје постои каква-таква геј супкултура, за многу луѓе кои израснале во конзервативни кругови (тип на пријатели, фамилија, школи) ситуацијата практично не е ништо поразлична од македонските села. Па така, имаме дневен дотур на „дискретни бисексуалци„, некои женети, некои со девојки, но сите по правило со комплекси и кои се чини не се во можност да остварат комуникација со друго машко подалеку од линијата кур-ебам-њам-њам. На другата крајност постои категорија на професионални педери, кои сосема профи се достапни за секс 24-7, целиот нивен живот (од пријатели, музика, облека, до избор на десктоп) е организиран околу идејата да се биде геј и на чии профили постојано демне опасноста да те пресретне фул-скрин слика на нивниот намачен чмар. И секако, се она помеѓу овие две крајности.

За разлика од фејсбук-флертот, тука никој не е присутен со своето име и презиме, а малку се и оние што ставаат сопствена слика, а да не е обезглавена или дигитално унаказана. Очекувано, ова создава објективни проблеми доколку барате дечко што би ви се допаднал физички, а вие не знаете како тој физички би можел да изгледа (поточно, знаете како му изгледа курот, задникот и/или телото, односно комплетно инверзна ситуација од FACEbook). Но како надоместок, можете речиси се да дознаете за неговите преференци: каква музика слуша, на што се пали (садо-мазо, фистинг, dirty sex) колкав му е, каква улога преферира во секс итн. Има и простор за текст, но владее мислење дека и онака никој не го чита, како што не го читате ни упатството што ви го даваат кога ќе си купите некој нов апарат.

Со други зборови, да ги вртиш профилите на ромео е како да вртиш каталог за мобилни. Најбитниот впечаток е изгледот, шминката и неколку клучни параметри. Гејромео и онака функционира како pre-screening форум, бидејќи обично разговорите за многу кратко време се префрлаат на МСН (поради можноста за камера), од каде по многу долго време може да се префрлат и во живо. Веројатно сум циничен, но ова зависи од тоа за која цел разговарате. Ако сте за инстантен секс, може уште истата вечер да ви се посреќи со некој од професионалните гејови од погоре. Ако сте за врска и емоционално поврзување, можете да поминете месеци разговарајќи онлајн со еден тип и кога ќе го сретнете да сфатите дека нема ништо заедничко со сликата што ја имате за него (и буквално и фигуративно).

Но настрана сите предности на лесен избор кои ги имаме со дејтинг-сајтовите, постои и нешто вредно што се губи од „традиционалниот„ начин на запознавање дечки кој тука никогаш и го немало. Можеби покрај целата таа претерана изложеност, усмереност и предвидливост на онлајн дејтинг-от се губи факторот на изненадување, способноста да се соочиме со непознатото и неочекуваното, да бидеме изненадени од ситуацијата, од дечкото, од моментот кога дознаваме флертувајќи дека некој што ни се допаднал како човек со свои интереси и свој живот исто така, сосема случајно, е геј и не свиѓа. Можеби ми е посекси да бидам изненаден од 16-те сантими на дечкото што ме освоил со начинот на кој се смее, отколку од дваеската на дечкото што ја закачил уредно на својот профил за да импресионира. Можеби, велам можеби, традиционалниот дејтинг ќе биде моментот на нашата конечна еманципација.

-

За крај една штосна пародија на сајтот :)

YouTube Preview Image

6 responses so far




6 Responses to “Вовед во геј онлајн-дејтинг културата”

  1.   Dr.Friendlyon 24 јан 2011 at 4:08 am 1

    Врти-сучи на крај краева сите полека сфаќаат дека и на ГејРомео се едни те исти луѓе, но секад со нов профил, нови слики, нови цитати и мудрости напишани во описот. Некои пак имаат по 5-6 различни профили па се впуштаат у она истражување и прверување два пати на информацијата :) паметни се нели? Се водат според изреката „два пати мери еднаш сечи“ :) Се фалат со посети над 100 јузери на ден, со над 20 пораки на ден кои им стигнале у инбокс, некои па те молат да им стиснеш дека ги знаеш лично за да би имале пристап до ХХХ сликите….. Еееее :)

  2.   Кикиon 27 јан 2011 at 6:03 pm 2

    Интересно е се ова што го пишуваш! Инаку, јас имам исто читано дека историски геј средби се организирале во Катлановска бања, во турско време. Ако некој нешто знае за тоа нека каже… баш ме интересира.

  3.   MentalShiton 29 јан 2011 at 4:42 pm 3

    “….имаме дневен дотур на „дискретни бисексуалци„, некои женети, некои со девојки, но сите по правило со комплекси и кои се чини не се во можност да остварат комуникација со друго машко подалеку од линијата кур-ебам-њам-њам. ”

    Алал да ти е за реченицава (и целиов пост се разбира).
    Сеуште не можам да сватам како има толку бисексуалци (кои сметаат дека се бисекс врз основа на дефиницијата: можам да сакам жена и да ја ебам, ама можам и маж да ебам (ама не и да сака, да љуби маж). Сакале фамилија.
    Настрана фактот што се на Ромео 24/7.

  4.   fire_gayboy1on 23 фев 2011 at 12:07 am 4

    Ако се гледа неизолирано од сегашната општествена слика во целина (не мислам само локално), GayRomeo не (ме) изненадува многу ниту по содржина, ниту по форма. Споредбено погледнати, различнополовите врски и состаноци – како најбројни, и како општествено подобни и нежигосани – не се нешто поинспиративни, помалку пресметани и поспонтани (статистички). Можеби не „каталог за мобилни“, но нешто налик на продавница во која избираш производ по твоја мера. И спој на паралелни светови кои нашле некои посакувани особини еден во друг, но тежнеат да не се сретнат – дури ни во бескрај.
    Кога луѓето прифатиле нефизичкиот контакт да се обезвредни до таа мера што новите генерации (кај нив е најизразено) се повидливо ги губат социјалните вештини, тоа секако повлекува се повеќе да се зборува во кратенки, дури и пострашно – да се детерминира мислата и да се прилагоди на новите начини на комуникација. Кога физичката убавина се прифати како најголемата вредност (по парите!), независно од што да е друго што со неа оди во комбинација кај тие што ја поседуваат или не ја поседуваат – тогаш не треба да зачудува лажно претставување и профили. Колку да звучи сурово, денес нема место за неубавите по денешните критериуми. Убавината секогаш била важна (и со право!), да не бидам криво разбран, но никогаш толку високо поставена по секоја цена и на толку вештачки и предефиниран начин. Во светот во кој сите дневно ја зголемуваме својата средна брзина, неопходно е да оставаме се помалку на случајот. Тешко е да си дозволиме да излезме на кафе со некој со кој одлично ни тргнал муабетот, само заради муабетот. Треба повеќе информации (зборувам за date). Секојдневно стануваме се повеќе саможиви, светови за себе, кои за несреќа имаат нагони.. Затоа како никогаш досега (историски) пристапот кон сексуалниот субјект е објективизиран до перверзија. Дали е можно во светот во кој логиката и вистината се безмилосно потиснати од мигот и толпата, кога поединецот е најневажен, да се очекува да се развиваат здрави врски во класична смисла, и поопшто, здрави меѓучовечки односи кои како резултат би имале посреќни луѓе? Можеби сме само меѓугенерации растргнати од смената на времињата??!

  5.   AintNobodyon 27 фев 2011 at 10:56 pm 5

    Одамна не сум прочитал нешто вака добро, всушност имам чувство дека македонскиот интернет геј блогерај само овде и се одржува (за форум и да не збориме). И замислете, културни и примерни коментари без плукања и закани. fire_gayboy1, исклучително добро дополнување на постот на Сатаниел, многу ме бендиса. Сакам само во кратки црти да дополнам дека уште „далечната“ 2007, после неколку месеци бесцелно губење време (размена на пораки, гледање на профили, запознавање на фрустрациите на присутните) го затворив мојот профил на GayRomeo. Добив впечаток дека е веројатно некој сајт каде одат строго атлетски градени момци, со фаца ко за насловна страна и вонсериски надарени. Сега веќе ми е мака да правам нов профил, да оставам своја обезглавена слика и да ги пополнувам карактеристиките и барањата. Од друга страна, навистина ми е преку глава од „исправните членови на општеството“ кои имаат девојка или сопруга, а би сакале нешто без обврски. Ете затоа во втората половина од моите 30-ти сум заглавен во „смената на времињата“ и без желба да барам истомисленик.

  6.   Шкорпионon 08 мар 2012 at 8:15 pm 6

    Убаво напишано. Штета што кај нас нема култура, ама баш во никаква смисла на зборот, за да можеме било како да ја наречема популацијава геј култура.

    Дали се работи за огласи или нивното учество во разговор, се гледа дека немаат основна почит кон соговорникот, нити тоа што другиот го претставува. Често пати сум гледан како парче месо кога сум посетувал вакви сајтови (а има повеќе освен gayromeo и gaydar, како OKcupid, lifeOUT и gay.com)

    Македонци хомосексуалци врие на ској од сајтовите, но сите го бараат петочниот пенис или саботниот задник, за откако ќе се испукаат убаво за време на викенд, да издржат во работната недела, за да го сторат истото слендиот петок. Иста рутина, само друг задник/пенис.

    Не знам како би се одвивале нештата во иднина, ама не гледам дека освен секс, нешто друго ќе биде на мени. Дали се работи за некаков геј менталитет што е присутен на овие простори, или нешто друго, не знам.

    Освен блоговите, други места за дискусии нема, зошто се чини дека друго и не ги ни интересира хомосексуалците кај нас. Имам профил на само уште два три такви сајтови, и планирам да ги избришам. Беа оставени таму заради тоа што сакав да го проширам кругот на геј пријатели, зошто многу ги имам (друштвото ми е во глобала стрејт). Но се чини дека ни за пријателство не се заинтересирани хомсексуалците овде, што дополнително загрижува.

    Среќа моја, баш коа дигнав раце од се, во време кога абсолутно ништо од таков тип не барав, и на најнеочекуваното место (форум кој обработува мистерии и урбано легенди), запознав тип со кој се гледам веќе 5 месеци и обострано се осеќаме како да е повеќе од коенциденција тоа што се случи. Он никогаш поради истите работи кои ги набројав, не останал да бара дечко на такви веб сајти.

    Поентата ми е – сите тие сериозни типци кои многумина си замислуваат дека еден ден ќе ги сретнат, но во исто време и дека веројатно се нерелани – всушност постојат – и во прашање е совршениот тајмин и место. Едноставно нема да се најдат на такви веб сајти како набројаните.

    Што се однесува до форум коментарот – сум размислувал да основам таква вен страна, но ме јаде грижа дека ќе стане карбонска копија од горенаведените секс веб сајти.

Trackback URI | Comments RSS

Напишете коментар