јан 22 2010

Сатаниел

Заборавени од CNN, не и од Ана

Posted at 4:30 am under Некатегоризирано

Дежурниот куродудлач на Америкаците, Ана Ангелова, не пропушта прилика да ни испорача редовна неделна доза „компаративна анализа„ помеѓу нашето заостанато општество и американскиот идеал кон кој сите ние стремиме. Во случај да ги пропуштивте CNN оваа недела, тука е Ана да ви пренесе од збор до збор што американскиот мејнстрим (поточно демократите) мисли по најважните глобално-политички збиднувања во светот. Жално е што Никола Гелевски мисли дека може CNN да ни го продава како авангарда, а Ана Ангелова како колумнист. Во најновиот текст, Ана не кара нас, „умствената катастрофа од суштества„, кои слават Водици и се молат на Господ да не ги заборави, наместо да морализираат за Хаиќаните и нивното корумпирано општество, како што тоа го прават во Ју Ес оф Еј.

Имено, Американците и воопшто никогаш не веруваат дека „Господ некого заборавил„. Кај нив постои една интуитивна врска со кармата на каитализмот, дека за секоја несреќа што ќе те снајде, сам некако си допринел и сам треба да си ја понесеш одговорноста. Хуманитарната помош може да биде исклучиво милостиња, а не меѓучовечка обврска. И сосема малку политичка имагинација треба за да се разбуди тој инстинкт и да се стави во служба на воено-политичката машинерија. Во последната недела, американскиот и канадскиот(!) медиумски простор се окупирани од анализи и експерти кои ја дисекцираат политчката некадарност на Хаити да се справи со кризата, корумприаноста на сите нивоа, и ова е многу битно – неопходноста да хуманитарната помош која ќе се намени за Хаити биде администрирана и имплементирана од американски органи. Обичниот граѓанин веќе е цврсто убеден дека „доколку сакаат помош, треба да ни дозволат да им ја дадеме под наши услови, а не да ја испокрадат, како што правеле досега„.

h23_21702617

Како што и Ана верно ни пренесува, Хаити до сега имал добиено 2.6 милијарди долари помош за инфраструктура, но „не покажал никакви резултати„. И уште: „Доколку се погледне во политичкото водење на Хаити, станува јасно дека катастрофата е резултат на природната катастрофа, потпомогната од политичкиот и системски крах, кој се провлекува со години„. Тие се соочувале со „диктатура, проневера, корупција, подмитување, грабежи, банди, државна контрола на медиуми, притисоци, закани и линчување на политички опоненти, непотизам, висока стапка на невработеност, сиромаштија, несоодветно образование, преферирана елита и мнозинство, дискриминирана сиромаштија и малцинство, изборни нерегуларности, манипулација на тендери, нетранспаретност, урбана мафија, криминални банди заштитени од челниците кои ги тероризираат локалните бизниси и инфраструктура, нефункционално и од властите контролирано судство, политички и општествен систем кој постојано гради култ на личности, наместо функционален систем граден и одржан од граѓанството„. Несомнено сево ова е точно во голема мера, но нека каже некој кој од овие изрази не го чул за опишување на состојбите во нашево државиче. Доколку ги прашате граѓаните, сигурно истиве проблеми ќе ви ги набројат во која било источно-европска или латино-американска земја. Но, за Хаити постојат поразлични стандарди, стандарди кои се примениуваат или премолчуваат во зависност од политичката агенда. Во суштина, нема разлика помеѓу Пет Робертсон кој катастрофата ја препиша на „пактот со ѓаволот„ кој Хаиќаните го направиле за да ги ослободи од француското ропство, и Ана и американските медиуми, кои вината за катастрофата ја гледаат во пактот кој Хаиќаните го имаат направено со „лошите„ политичари сиве овие минати години. Пазете, вина за земјотрес кој ја срози и Претседателската палата, која не ќе да е фуш-градба од картон како куќарките во гетата; значи земјотрес кој веројатно ќе направеше пустош и од некој друг многу подобро проектиран град од Порт-о-принс (патем, опасноста на земјотресот на зависи само од неговата јачина, туку и насоката и фреквенцијата на земјотресните бранови). И така, за да ги спасат Хаиќаните, Американците сега им праќаат хуманитарна помош условена со 10,000 маринци и неколку носачи на авиони, и сето тоа поминува без никој во САД да го стави под прашање. А не се запрашуваат, бидејќи до сега ниту еден медиум не известува за историјата на американското воено „присуство„ во Хаити.

helicopter-palace_1562103i

На кратко, Хаити бил окупиран од Американците цели 20 години (1915-1934). Цели 10 години Папа Док (еден од најбруталните и најбизарните диктатори во Латинска Америка) имал бланко поддршка од Американците поради неговата опресија врз комунистите. Првиот претседател избран на демократски избори со 75-процентна поддршка (и тоа особено меѓу најсиромашните слоеви), Жан-Бертран Аристед, кој вовел еден куп реформи со кои на сиромашните им го подобрил пристапот до образование, јавно здравство, вработување, удвоена минимална плата, земјоделска реформа, пониски цени за храна, политички слободи, распуштање на војската и еден куп други, но и се спротивставил на инсистирањата на ММФ и Американците да направи неолиберално Ел Дорадо од земјата, беше киднапиран од Американски специјалци во 2004 година и принуден да си потпише своја оставка, по што мораше да пребегне во егзил во Јужна Африка (еден од оние „лоши и корумпирани политичари„ на Ана). На овој настан претходеше меѓународна конференција за Хаити (Отавска иницијатива 2003) на која „големите сили„ Франција, САД и Канада одлучувале за иднината на земјата, без ниту еден единствен владин претставник од Хаити (Букурештска конференција, ениуан?). По превратот во 2004, Американците на власт инсталираат влада која се до сега балансира во односите со САД и други латино-американски земји, но во суштина е во хармонија со клучните американски интереси.

Кога имате земји со една ваква раскошна билатерална историја, не се ни осмелувам да сугерирам зошто може да служат тие 10,000 маринци. Полека се наслушува загриженост од некои земји дека Американците премногу ги преземаат работите во Хаити во свои раце. Но откако влегоа со толкава војска во земја во која официјално војската беше распуштена, веќе е доцна за протест. Моментално сме сведоци на најголемата политичка злоупотреба на една трагедија со цел мека окупација на земја каде што луѓето се уште умираат под рушевините. Останува уште да се обезбеди јавната поддршка за овој зафат – CNN веќе работат на тоа, а Ана Англеова доследно лиферува.

38 responses so far




38 Responses to “Заборавени од CNN, не и од Ана”

  1.   revolucijataon 22 јан 2010 at 9:35 am 1

    Добар текст.

    Еве една идеја (која мислам дека ќе те интересира) за твојот нареден пост.

    Незнам колку си чул за Codex Alimentarius.

    http://www.natural-health-information-centre.com/codex-alimentarius.html

    Ова требаше да помине на 31 декември 2009 година ама незнам што се случило. Побарав на нет ама не најдов никакви информации за тоа дали е изгласано или не.

    Накратко: лук, нане, кантарион, во блиска иднина може да станат илегални затоа што сакаат да не заштитат од премногу природно здравје. Исто така и витамините и минералите ќе бидат ограничени затоа што тие се лоши за здравјето (човекот „научник“ позади овој проект на ОН го застапува мислењето дека минерали и витамини се лоши за здравјето на луѓето.)

  2.   Јове Хаџиевскиon 22 јан 2010 at 9:57 am 2

    Deaja vu!
    “Духот на времето“, филм во кој јасно е нацртано како се врши политичко и економско убиство на ситните риби.
    Повеќе инфо на http://www.wide eye cinema.com.
    Поз.
    By Jove.

    Р.Ѕ.

    Како и обично – одличен текст!!!

  3.   jadiburekon 22 јан 2010 at 10:38 am 3

    Текстов е подобра анализа одошто сите новинари досега заедно, топтан, што напишаа за и околу Хаити. Затоа го линкав на мојот фб фан профил и ќе го промовирам во емисија вечерва , само ако не ти значи, таа некоја ана која ја спомнуваш, од портал кој ретко кој го чита/посетува, да ја исфрлиш од насловот и ако може малку редукција на полови органи (ако не јас ќе ги прескокнам), чисто да се обидеме да му дадеме поширока афирмација на овој , за мене ТОП текст и анализа, а да не ги оптеретуваваме читателите со некои ани и органи кои се небитни во муабетов….поздрав

  4.   nadeznaon 22 јан 2010 at 11:23 am 4

    Секако, Сатаниел напраил одлична анализа.
    И додека сите плачат за Хаити, се прашувам-слепи ли се што се случува?

  5. [...] Сатаниел [...]

  6.   Шашеon 22 јан 2010 at 12:53 pm 6

    И шо сега? Не просветли. Ја откри Америка? Да не има нешто има нејасно во фактот шо Америка има прсти насекаде. Ако треба да ти нацртаме? И шо те боди Ана? Ако не знаеш, во Македонија владее „демократија“. Има право да пишува за што сака и за каков сака „портал кој никој не го чита“. Башка од тебе сигурно не е поголем куропушач, така да немаш баш некоја конкуренција во тоа. Чим Буреко (Анипедерски активист а воено и шупак-мераклија) ти се восхитува на напишаното… ти сигурно си некој „конзервативен“ педер… :-)

  7.   Trpеon 22 јан 2010 at 1:17 pm 7

    Како може препис од интернет и Википедија комбиниран со лигав шовинизам да биде наречен „добра анализа“? Тоа може само во Македонија, да „импресионираш“ луѓе со вакво нешто. Само аке не знаеш англиски и не можеш да читаш други сајтови, ова може да биде „некаква анал-иза“.

  8.   Aлександарon 22 јан 2010 at 1:49 pm 8

    Антиамериканизмот и антиглобализмот провејуваат во текстот. Го поздравувам обидот за анализа на нештата, но не можам да се сложам.

    Имено, извршната власт се разликува од другите власти во една заедница по способноста на дејствува во време на криза. Во таа смисла, Македонија е сериозно инкапацитирана. Владата дејствува само кога работите се евидентно позитивни. Кога има криза, се работи најчесто за светски заговор. Тоа се малите. Во аксиолошка смисла. Веројатно слична власт имале и Хаити.

    Големите (во аксиолошка смисла), делуваат. Во време на криза одлучуваат и ги решааваат проблемите. Не мислат на рејтинг. Америка е голема во таа смисла.

    Тоа што им помогна на Хаити, наместо да ги остави луѓето да чекаат помош преку тромавиот и нефункционален систем на ООН, зборува за способноста на една власт, на една заедница, да дејствува во време на криза.

    И додека Франција и Македонија се вознемирени од тивката окупација на Хаити од Американците, илјадниците гладни и изнемоштени добија пакети со храна и вода преку воздушна достава.

    Хаити добија и медицинска помош преку импровизираните болници направени од американските војници кои долетаа преку аеродромот во Порт-о-Принс. Разурнат, но оспособен да прима и отрпемува воздухоплови токму од Американската армија.

    Мали и големи..

  9.   mecetouskoon 22 јан 2010 at 2:43 pm 9

    А што као на Окно ги фалат америте…не читам таму ништо…ама кај мене во коментар те вклучив во Окно тајфата…вака личиш дека не си…ма си како не си…не те пере ова.

  10.   n1kolceon 22 јан 2010 at 3:01 pm 10

    Браво машко, умот- брич!

  11.   roxxon 22 јан 2010 at 3:57 pm 11

    Сатањел , муабетчево ти е ко на мече ушко тропкањата и поврзувањата на елементи од некои теми кои за мој критериум се баш хилариусни (заблагодарете се што внесов нов збор во античкиот македонски јазик)

    Не ми е јасно што точно му замеруваш на текстов од Окно.. Текстот можеби не се бави со хаити и геополитиката поврзана со него, маринците , франција плус зошто на УСАшите хаити им е стратешки ептен важен … меѓутоа зарем навистина може да му се замери на текстот тоа што подвлекува дека сега после несреќава што ги задеси нив се гледа како земјата е водена од бандити кои ја сведоа земјата на просјачки стап.. и истовремено прави паралела со нашата ситуација и како по број точки и ние сме на некој начин хаичани.

    Земјотресот кој ги затекна само ја разоткри таа друга страна на земјата и сега во прв план е тоа.. ако хипотетички земеме дека недајбоже мк ја задеси некоја таква несреќа, ќе видиме колку сме и ние хаити. ЈАс така го гледам и доживувам текстот и на некој начин тој претставува реалити чек за тоа ете и кај сме ние .. (не м ногу подалеку од таа ’63та кога ни праќале ќебиња од уџум некаде)

    еве , меџето ушко се изненади што на окно кое он го мрази затоа што ти било “комуњарско и соросоидно“ имало и така да кажам , про амерички текстови во кои ете америка не се плука туку се зема за пример. што може од неа да се научи . Што ли значи ова, сеа мечето ќе виси на окно и скришно никој од овде да не го види, ќе ги чита текстовите на окно ???

  12.   gjurovskion 22 јан 2010 at 5:56 pm 12

    Добар ти е текстов, па се осмелив кај Ана во коментар да те линкувам. Па Ана и читателите таму да можат да прочитаат и поинакво мислење.

    Се во духот на слободата на говорот, демократијата и така натаму, и така наваму, налево, надесно, нагоре и надоле…

  13.   megion 22 јан 2010 at 6:48 pm 13

    Единствената грешка на текстот кој го критикуваш е тоа што ја преценува публиката и претпоставува дека се обраќа на луѓе коишто да, отвориле весник и погледнале ЦНН па нема потреба да ги просветлува (за разлика од тебе) дека Хаити со години бил под водство на САД и интернационалната заедница. Ниту да објаснува дека „моментално “НЕ“ сме сведоци на најголемата политичка злоупотреба на една трагедија“ оти САД во Хаити влегле на ист начин и пред 5 години по ураганот, и пред 10 по поплавите, и се така наназад до 1802 година – ти текнуе, сигурен сум. Ниту да дефинира дека „политики“ може да се однесува на посеопфатни работи зависно од контекстот(но, за жал, и од познавањето и разбирањето на читателот).
    Како резултат на оваа грешка, изникнуваш ти да им објасниш на „навредените“ од текстот и пропратно да им го пофалиш „катастрофалниот ум“ (иако се плашам дека не ја разбираш метафората во контекстот) попален од сопственото знаење после „непроследување на ЦНН“, па ја промашуваш поентата на големо воодушевување на публикумот од рангот на Јанко, за кој укажувањето на фактите кои ги знае секој кој излегол подалеку од Табановце се најдобра анализа која ја прочитале.
    Но штета е што ти покажуваш ист капацитет како Јанко и не сфаќаш дека текстот не е за Хаити, ниту за историјата, ниту за политиката, ниту за политичките реалности на Хаити, ниту за интернационални пракси и политики, ниту за „добрите“ или „лошите“ САД. А најмалку е обид за анализа на сето тоа. Не е ни обид за фактогравска лекција (иако, читајќи те, и те како е потребна), туку е искористување на случајот за погледнување во локалните политики (под влијание на некои педери како САД, или не, небитно) од поддруг агол и можните штети кои пристапот ги носи . Да, баш затоа што епитетите кои ги добива хаити низ годините, може да се доделат и на Македонија и секоја друга латино-Американска земја. За малку па ќе си ја фател поентата па можеби немаше толку негативно да се нафрлаш врз авторот и Окно, небаре ти го блокирале ТВто, и ти упалиле само ЦНН па ти и сите твои читатели, одеднаш сте оневозможени во самообразувањето.
    Се плашам дека единствениот идеал позади текстот што го критикуваш не е вербата во американскиот политички , а и општествен систем, туку само вербата и културата дека луѓето на коишто им се обраќаме не се дебили на коишто треба да им се цртаат основни работи, уште повеќе, дека не се дебили на коишто треба да им се телефонира поентата за да не ја промашат. И тука греши авторката. Ја преценува публиката и си го навлекува револтот на сите кои под набој на стравувањето дека некој ги смета за дебили (мувата на капата?) на крајот не можат да воочат кога некој навистина го прави тоа (а и кога навистина се тоа, иако никој сеуште не ги обавестил).

    Поздрав од читател на Окно на кој, за разлика од тебе, пристапот на тамошните колумнисти му е освежителен.

  14.   Сатаниелon 22 јан 2010 at 7:44 pm 14

    revolucijata, па и не сум некој фан на теории на заговор.

    јанко, фала за линкање, ама текстот останува како што си е. Ана не ја исфрламе, бидејќи постов комуницира со еден дел од нејзините тези, и без тоа би го загубил контекстот. А пенисот останува од принцип, бидејќи не се цензурирам заради промоција. (и бидејќи има убав вкус кога се чита :)
    —-
    шаше, ништо не ми боде ана. Таа има право да си пишува, ние имаме право да и одговараме. Тоа е суштината на демократијата, а не еднонасочно пишување и прифаќање мислења.
    -Обаче, прв пат да ми залепат етикета „конзервативен педер„. Аирлија.
    —-
    -Трпе, милион пати сум рекол. Википедија за вас треба да е устав. Ама шо да праиш, се врвни експерти кој од кој, па бараат peer reviewed references. Да знаеа и академиците да читаат од википедија како што треба (ама не од македонската), и многу поубава енциклопедија ќе извадеа. Википедија е златна за вадење голи податоци, ама не користи за формирање тези и теории.
    Исто така, освртов апсолутно нема намера да биде историски труд или некаква експертска анализа, туку обично аргументирано мислење врз база на потврдени и општо прифатени историски податоци. Ако те занимаат подетални информации, секој од линканите написи во вики е проследен и со по 40тина додатни референци.
    —-
    александар, воопшто не сум антиглобалист, уште помалку антиамерикански настроен. Но секој еден човек што малку учел историја знае дека светските сили низ целата историја во секој момент во секоја гео-политичка ситуација се обидувале да ги спроведат своите интереси. Да се верува дека тоа правило денес не важи поради некаква си американска просветленост и алтриузам е екстремно наивно и глупаво. Ова не е теорија на заговор, ова е основа на теоријата на меѓународни односи што се учи на секој еден факултет.
    -И големите и малите кога сакаат да избегнат одговорност се обидуваат да најдат изговори (така, „големата„ Америка наоѓаше изговор за многу работи во оружјата за масовно уништување, во комунистичката закана, во алчноста на Банкарите на Вол Стрит итн.) И големите и малите делуваат, кога за тоа имаат простор.
    -Помошта на Американците и не е така наивна, што е и една од поентите текстот. Секоја чест за хуманоста на обичните Американци, никој не се сомнева во нивните чесни намери, но сите економисти знаат дека за сериозни хуманитарни зафати неопходна е владина акција. Историски гледано, хуманитарната/економската помош што ја давале Американците кога не била условена со нешто друго, била релативно мала за нивни услови (100 милиони долари за нив е колку секој Американец да одвои 1/150,000-тинка од годишната плата). Една Норвешка е далеку подарежлива од САД, и тоа без да треба да праќа војска заедно со храната, лековите и спасувачките екипи.
    —-
    мечето може слободно да си прави блог-листи на најсекси блогери, предавници и окнаџии. Не ме тангира тоа.
    —-
    роске, и ти си ја преживеала миграцијата античко-задкарпатска. Ајде вилкомен.
    Што му замерам на текстот си стои во постот, да не се повторувам – и од кого била и е водена земјата, и во однос на тие стандарди и зошто се гледа сега, а не порано. Не дека нема парцијална вистина и во текстот на Ана, но без таа парцијална вистина не може ниту да има пропаганда. Парцијалната вистина во денешно време не е доволна.
    Ме ежи некритички и сервилен однос према која било работа, вклучително и Америка бидејќи добро ја познавам. Се уште чекаме од Ана да напише текст во кој нема да попуши амерички пенис, ама ете, од многуте прилики само овој пат ми легна и да чкртнам пост за тоа.

  15.   Сатаниелon 22 јан 2010 at 8:14 pm 15

    меги, дрн дрн.. ако те разбрав што сакаш да кажеш:
    -Текстот на Ана не бил во суштина за Хаити, туку бил со локален спин за нашата катастрофа од влада. (за вториот дел од реченицава, и не се сомневам дека си во право) Метафората за, цитирам „Умствената катастрофа“ од суштества кои велат: Судбина! – и заминуваат да му се поклонат на Бога„ е исто така погрешно сфатена. А грешката на Ана била што претпоставувала дека сите го знаеме очилгедниот факт дека Американците со години го кршат меѓународното право и уставот на Хаити, менуваат режими по волја, поддржуваат политички прогони и социјална и политичка опресија кога нив им одговара. Океј де, ако го знаеме, нема зара да се повтори уште еднаш. Ако ништо друго, тие како Јанко што не знаат и лесно се импресионираат, да научат. :)
    Не знам зошто те вознемирува тоа и не знам со кој дел од текстот ти всушност не се сложуваш, освен тоа што се дразниш од самата (погрешна) помисла дека некој си блогер им се „нафрлал на порталот Окно и на авторката на текстот„. Кога Ушкото имаше пост со кој јадеше лајнурки за окно, му искоментирав дека каков и да е сајтот, подобро е да го има отколку да го нема, бидејќи само со такви сајтови може да се развие јавна дебата и свест. Но во сржта на комуњарската матрица на размислување (оние кои не се сигурни во себе) е дека тоа што не им одговара не смее ни да егзистира. Исто како Јанко, така и Коља ги брише оние коментари кои не му се свиѓаат (познат е неговиот легендарен коментар пред некое време во стилот „Кур ми е, двор ми е„). На блогот на Сатаниел во тригодишно постоење не е избришан ниту еден единствен коментар, и покрај тоа што се оставаат секакви гнасурии.

  16.   jadiburekon 22 јан 2010 at 8:22 pm 16

    “кур ми е двор ми е – гз чаршија” …заради поштовање кон изворот цитатот да биде комплетен

  17.   Сатаниелon 22 јан 2010 at 8:28 pm 17

    И уште нешто:
    како некој што одблиску е запознаен со приликите во Јужна Америка, можам да ти кажам дека упорно да инсистираш на тоа дека голем грев на владата на Хаити е што го оставила островот во таква состојба е крајно поедноставување на работите. И далеку далеку побогати влади од таа на Хаити (рецимо Бразил), имаат огромни проблеми со инфраструктура. Една третина од населението во некои градови живее во фавели/гета, кои да беа сместени во тропскиот појас, немаше да преживеат ниту една сезона на тајфуни или поројни дождови, не дај Боже земјотрес. Кога си премиер или претседател на една таква држава, далеку побитно ти луѓето да имаат каков таков кров над глава, отколку дали нивните згради се изградени според сите светски УПА-МУПА стандарди, далеу побитно ти е воопшто да има пат, отколку дали е тој асфалтиран за да може да пројдат американските комбиња во случај на масовен хуманитарен зафат.
    Мислам, доволно е да се прашаме и само зошто сиве овие дебати за корумпирани режими не ги слушавме и за време на цунамито во Југоисточна Азија, ама уште да имаше некој што воопшто се прашува, наместо само слепо да прифаќа тоа што СиЕнЕн му кажува.

  18.   megion 22 јан 2010 at 8:40 pm 18

    Поедноставување на работите? Па попоголемо поедноставување на работите од „слепо да прифаќа тоа што СиЕнЕн му кажува“ здравје. се што ти овде илустрираш за јанковците тебе ти е од МТВ , никако од СиЕнЕн и САД медиуми, иако тие се исто така предводници на тезата „неоолибералите го сјебаа хаити а и цел свет“ како што се и на „САД е господ спасилац„.
    Она што јас го велам, а ти не го согледуваш е дека твојот текст ја врти темата на текстот кој го коментираш, и си отвараш десета тема (иако не си свесен, или не сакаш да станеш свесен за тоа) само за да си искажеш болка (пуст Коља те бришел) или којзнае која друга ја имаш. Лесно е да плукаш по личности. Успеваш во тоа. Уште во самиот наслов и вовед се гледа што тебе те фрустрира највеќе, туѓото мислење (иако си за демократија) најмалку.

  19.   nadeznaon 22 јан 2010 at 9:23 pm 19

    Сатаниел само напиша дека Америка не е толку Голема и хумана како што сака осанатиот свет да мисли.
    Гледам-некои не го сфаќаат тоа.

  20.   megion 22 јан 2010 at 10:05 pm 20

    Nadezna, mozebi kje go svatevme dokolku tekstot koj go kritikuva go veli toa. Ama jas dva pati go procitav i ne mozam da svatam seuste sto toj kritikuva i kade vide SAD vozvisuvanje osven vo svoite samo jazicno bravurozni pretpostavki.

  21.   partikon 22 јан 2010 at 10:55 pm 21

    На Хаити им се случи природна катастрофа, која Американците ја искористија за да инсталираат 10 000 свои војници… Нам ни изрежираа војна во 2001 и како по филмско сценарио се одвиваа работите. А сега преку НВО и дел од новинарите се врши невиден притисок за промена на името на државата и идентитетот на Македонците… Некако полесно ни е да видиме што се случува на Хаити, а не забележуваме што се случува во нашиот двор.
    Инаку, анализата е одлична…
    Поздрав.

  22.   mecetouskoon 22 јан 2010 at 11:04 pm 22

    рокси фала за тоа што ме споменуваш во контекс на интернет бљувотината Окно…окно го користам исклучиво за празнење на батерии…и ништо повеќе…скришно ништо не правам па ни окно го читам… сеа што сатаниел решил да се бави со нив и нивните интелектуални текстови… тоа е негов избор.
    Не делам јас никого и не го групирам тоа секој си го прави сам…секој му е убаво кога спие да се врти или на лево или на десно…е сеа некој спие и на грб или стомак…сите варијации ги има.

    ај да не дробам…ионака по темава од постот не ми се праи муабет…се гледаме на друга тема.

  23.   ednaon 23 јан 2010 at 1:53 am 23

    izvini decko, ama ti si glup. prvo, nepotrebno si se oslvuvas не кара нас, „умствената катастрофа од суштества„ – znaci nepovikano si se povika vo umstvenata katastrofa, a vtoro, mnogu pobitno, tamam si pomisliv deka si sfatil sto e tekstot sto go napagjas, ama te jebe edno ‘no,’ so koe ti pocnuva slednata recenica, pa taka definitivno si zakluciv deka si glup.
    Ubavo si iskopiral se od napadnatiot tekst, a se posle toa ti promaknalo, a tamu e ustvari poentata.
    Za vakvi pismeni po makedonski jazik se dobivase 1 – promasena tema. Ama fino si si drndal ti za Haiti, nemam nisto protiv, tvoj blog, tvoja stvar, ama Ana sto ti go mati mozokot ukazuva samo na tvoj kompleks, duri i eden janko sfakja deka nema povrzanost na tvojata so nejzinata poenta, samo ti ne sfakjas. Bogami prijalete, ovoj pat ti e najpogresnata prilika da ja repnes tolku mnogu citiranata od tvoja strana i toa za dzabe :)

  24.   Ilijaon 23 јан 2010 at 4:52 am 24

    Dali se zaprazale i Sataniel i Ana kako licno mozat da im pomognat na nastradanite od Haiti osven da profitiraat od nivnata nesreka?

  25.   Nikola Non 23 јан 2010 at 6:21 am 25

    Uuuu jebote – izgleda i na OKno kako i na Sataniel samo kuropushenjeto im ostanalo kako opcija, samo sto tie gubat zashto Sataniel mu go popusi i na burekot a tie ostanaa da se zadovolat so bednite “Amerikanci”. Bravo masko. Macoisticki i “go nacuka na malata”. Koj misleshe deka i ti imash kapacitet za toa.Mu faleshe Latas na blogeraj. Welcome, bi rekle toa Amerikancite.

  26.   roxxon 23 јан 2010 at 6:28 am 26

    Ilija , toa se nerviram i jas…aj sto satanjel profitira od nesrekjata na haiti , taa pa ana se omrsi .Nisto za nas ne ostavija.

  27.   Pipoon 23 јан 2010 at 6:34 am 27

    тачно рокси еве и ја не се омрсив вечерва… :P

  28.   Сатаниелon 23 јан 2010 at 6:43 am 28

    хехе, абе бетер од типкарошите од штабовите „сте„. Ваква координирана рафалијада сум немал ни од партиските јастреби кои ги плаќаат за тоа. Еве и да речеме Сатаниел нешто неповрзано си збори, нема врска текстов со ништо од тоа Ана што напишала за вината за катастрофата…Кој курац ви е па на вас Една, Меги и Анонимниот на окно (под невозможната претпоставка дека не сте лично тангирани од текстот) па што така жестоко се з‘гнавте да докажувате дека немале врска текстовите еден со друг и да ги дијагностицирате комплексите на Сатаниел? хехе, абе греота е колку е се проѕирно и нажалост типично за македонскиот синдром – наместо да се дискутира за текстот, ајде за тој што го напишал и зошто го напишал.

    На секој што не знае зошто ја нарекувам Ана дежурен куродудлач на Американците, го упатувам да прочита пар текста од девојката. Зошто и во овој текст го дудла на Американците, е поради тезата која ја промовира од СиЕнЕн, во која се содржи јасна политичка агенда за вината за катастрофата и од друга страна меџународната и Американците кои се обидуваат да помогнат (и тоа „сиве овие години„) но ете, се спречени од лошите корумпирани политичари на Хаити. На крај креава, за чија катастрофална состојба на умот зборува момата? Ќе да се „умствени катастрофи од суштества„ обичните Хаиќани кои цело време биле во пакт со лошите корумпирани политичари и така на некој начин си придонеле за ова што им се случува, а ете денес неправедно се осеќаат заборавени од Господ?! И крешендото за крај – паралела со нашата катастрофалана состојба на умот. Не, не ќе да е тоа, Сатаниел е искомплексиран оти Ана е така сјаен млад колумнист.

  29.   Nikola Non 23 јан 2010 at 6:48 am 29

    ma site ostanavte so prazni race ama zatoa na satanco falusceto voobicaeno mu leta napred pred mozoceto.

  30.   Сатаниелon 23 јан 2010 at 6:49 am 30

    Да се плаши човек, не дај Боже Јанко да не бендиса некој текст. Преку ноќ станувам и конзервативен педер, и мачиста, и Латас. Да ви ебам политичките наштелувки на сите.

  31.   gjurovskion 23 јан 2010 at 11:10 am 31

    Мене како сеирџија најмногу ме интересира дали Ана:
    1. Ќе се појави од некаде и ќе даде некој коментар?
    2. Ке се појави, но како анонимна?
    3. Ке се појави некој/и друг/и, и ке исполемизираат овде?
    4. Ќе го игнорираат Сатаниел?

  32.   zlatevon 23 јан 2010 at 2:07 pm 32

    Ова е нај добриот текст што икад сум го прочитал на некој блог.
    Иначе Сатанел, батали ги овие, тие немаат мозок на светот гледаат како на црно-бело… а и да нормално е да се про-американски ориентирани, од американските банки црпат пари да му го перат мозокот на народов.
    Продолжи со тоа што го правиш другарче, ич да не те боли што мисли Никола, Петко, Јанко, Станко… пошто на крај текстот а не етикетата останува..
    А до хејтерите :-) велите Сатанел му го попушил на Јанко? Па вие цел ек му го пушите на Коља, човекот кој ќе го турне тоталитаризмот во Македонија! ох зелени мои зелени, ставете прстот на тоа главите, сватете во кои машини сте влезени, сватете дека од тоа шо го работите профитира некој а вас ве тепаат.
    Сатанел па ќе ти кажам, продолжи си со активизмот (незнам дали е само блог активизам) за правата на геј популацијата затоа што тоа е стварно потребно во земјава, ама и напиши ни по некоја ваква анализа, ваква одлична анализа!
    ПОЗДРАВ!

  33.   aaaaaaaon 23 јан 2010 at 4:40 pm 33

    ВЛАДЕЕЊЕ НА ИЗВИТОПЕРЕНИТЕ КРИТЕРИУМИ

  34.   zlatevon 23 јан 2010 at 9:02 pm 34

    http://www.youtube.com/watch?v=ccP-oezhZzc
    gleajte kolku se humani amerikanskite biznismeni!

  35.   marsovkaon 24 јан 2010 at 1:58 am 35

    Hm … тоа што го читав во окно е беше правење паралели на хаити со македонија нешто ко црно пророштво, а за анализата Хм… јебеш чим народот нема абер да се избори за себе и за својата иднина кој друг треба битките да му ги води? Господ о.О ?
    На крај краева америте користат нечија слабост и глупавост, зошто не успеаа до таа мера да ја издупат куба и ред други земји? Кои дадоа отпор о.О?

  36.   opnoon 24 јан 2010 at 4:53 am 36

    @gjurovski ili 5.vekje se pojavija so zacuduvacki aj so niski, ali i tupavi komentari.

  37.   Ташкоon 24 јан 2010 at 10:20 pm 37

    Овој текстов твој ми стои како плагијат на глупостите на Чавез кој ги обвинува Ју ес оф Еј за „предизвикување“ на земјотресот… А чија е вината за цунамито во Индонезија од пред некоја година? На Тамилските тигри? Пффффф…. Прдешки у боја!

  38.   irhbrvfovabon 03 мар 2010 at 12:26 am 38

    tb9oGl kkhixvultysi, [url=http://hfxngyxwiikk.com/]hfxngyxwiikk[/url], [link=http://fzxjwwxiyzua.com/]fzxjwwxiyzua[/link], http://robjnknksybo.com/

Trackback URI | Comments RSS

Напишете коментар