јан 23 2011
Вовед во геј онлајн-дејтинг културата
„Розеви списоци„ се нарекувале листите со имиња на хомосексуалци кои германските тајни служби ги воделе заради прогон и чистка на „неподобните елементи„. Да беа денес оперативни истите служби, нивната работа би била полесна од кога било. Gayromeo, gaydar, smokva се имињата на новите розеви спосоци во кои се наоѓаат профилите на илјадници хомосексуалци, бисексуалци и лезбејки. Но овој пат секако доброволно, бидејќи се работи за дејтинг сајтови во кои секој може да си отвори профил, да го пополни со лични податоци и да стапи во контакт со други корисници. Нема потреба да се прашувате веќе од каде му дошла на Зукерберг идејата за фејсбук. Но додека денешните клинци допрва ги учат цаките околу тоа како се фаќа женска или дечко на фејсбук (кого да аднеш, кој манипулира со profile pics, кој е манијак, кој не итн.), педерите уште пред 10 години се чини го имаат апсолвирано овој „новитет„ и тоа до таа мера што геј културата денес не може да се замисли без овие средства за комуникација.

Како беше во ерата пред гејромео, речиси и ретко кој се сеќава. Од постари педери, го имам слушано муабетот дека многу многу одамна пред Христа, уште пред да постоеше компјутер, имало јавен крузинг на железничка, на Терминал (сега кај што е црквата Богородица на Трифке), по јавни тоалети… Потоа се појавија секс огласи во М-Експрес, на ТВ Амазон и на Тв Крт после 12, во стилот „Господин 35 год. бара помлад господин за дискретни средби.„ Културно, отмено, небаре воопшто немаат намера да се ебат, туку да пијат чајче од кинески порцелан. Потоа дојде Мирц на дајл-ап, арно ама дигитални фотки беа уште мисловна именка. Од таму потекнува праксата што дури и денес тешко се искоренува, кога некој ќе ти рече “asl pls” иако ти го гледа профилот на кој убаво стои дека си машко од Скопје со дваесет и кусур години. Или не дај Боже да ти рече „опиши се„, па тогаш почнуваш како на хот-лајн да измислуваш цифри „185цм, 90 кг, 20цм, 90-60-90, атлетски граден, плави очи, сина шапка, црвено шалче, црвено носе..„
Не знам точно кога фатија корен gayromeo и останатите геј-дејтинг сајтови, но битно ја изменија сликата на геј дејтингот. Тие дојдоа како благослов пред се во провинцијалните средини (во кои спаѓа топтан цела Македонија сосе Скопје) каде постоеше минимална или сосема никаква геј-инфраструктура. Интернетот ја донесе геј-револуцијата во ова општество во кое хомосексуалноста беше кривично дело се до 1996. Наеднаш никој веќе не беше осуден да скапува очајнички мислејќи дека е првиот и последниот педер на светот, бидејќи со неколку клика на маусот лесно можеа да се најдат истомисленици во поблиската околина, каде и да е тоа. За многумина, дури и можноста да прават муабет со други гејови преку илјадници километри оддалечени од нив, беше и останува просветление во однос на алтернативата на затуцаноста на родното место.
Иако во Скопје постои каква-таква геј супкултура, за многу луѓе кои израснале во конзервативни кругови (тип на пријатели, фамилија, школи) ситуацијата практично не е ништо поразлична од македонските села. Па така, имаме дневен дотур на „дискретни бисексуалци„, некои женети, некои со девојки, но сите по правило со комплекси и кои се чини не се во можност да остварат комуникација со друго машко подалеку од линијата кур-ебам-њам-њам. На другата крајност постои категорија на професионални педери, кои сосема профи се достапни за секс 24-7, целиот нивен живот (од пријатели, музика, облека, до избор на десктоп) е организиран околу идејата да се биде геј и на чии профили постојано демне опасноста да те пресретне фул-скрин слика на нивниот намачен чмар. И секако, се она помеѓу овие две крајности.

За разлика од фејсбук-флертот, тука никој не е присутен со своето име и презиме, а малку се и оние што ставаат сопствена слика, а да не е обезглавена или дигитално унаказана. Очекувано, ова создава објективни проблеми доколку барате дечко што би ви се допаднал физички, а вие не знаете како тој физички би можел да изгледа (поточно, знаете како му изгледа курот, задникот и/или телото, односно комплетно инверзна ситуација од FACEbook). Но како надоместок, можете речиси се да дознаете за неговите преференци: каква музика слуша, на што се пали (садо-мазо, фистинг, dirty sex) колкав му е, каква улога преферира во секс итн. Има и простор за текст, но владее мислење дека и онака никој не го чита, како што не го читате ни упатството што ви го даваат кога ќе си купите некој нов апарат.
Со други зборови, да ги вртиш профилите на ромео е како да вртиш каталог за мобилни. Најбитниот впечаток е изгледот, шминката и неколку клучни параметри. Гејромео и онака функционира како pre-screening форум, бидејќи обично разговорите за многу кратко време се префрлаат на МСН (поради можноста за камера), од каде по многу долго време може да се префрлат и во живо. Веројатно сум циничен, но ова зависи од тоа за која цел разговарате. Ако сте за инстантен секс, може уште истата вечер да ви се посреќи со некој од професионалните гејови од погоре. Ако сте за врска и емоционално поврзување, можете да поминете месеци разговарајќи онлајн со еден тип и кога ќе го сретнете да сфатите дека нема ништо заедничко со сликата што ја имате за него (и буквално и фигуративно).
Но настрана сите предности на лесен избор кои ги имаме со дејтинг-сајтовите, постои и нешто вредно што се губи од „традиционалниот„ начин на запознавање дечки кој тука никогаш и го немало. Можеби покрај целата таа претерана изложеност, усмереност и предвидливост на онлајн дејтинг-от се губи факторот на изненадување, способноста да се соочиме со непознатото и неочекуваното, да бидеме изненадени од ситуацијата, од дечкото, од моментот кога дознаваме флертувајќи дека некој што ни се допаднал како човек со свои интереси и свој живот исто така, сосема случајно, е геј и не свиѓа. Можеби ми е посекси да бидам изненаден од 16-те сантими на дечкото што ме освоил со начинот на кој се смее, отколку од дваеската на дечкото што ја закачил уредно на својот профил за да импресионира. Можеби, велам можеби, традиционалниот дејтинг ќе биде моментот на нашата конечна еманципација.
-
За крај една штосна пародија на сајтот












.jpg)
“Не тој неа, туку таа го нагризува него! Пасионираниот пушач„ – слоган од Хитлерова Германија
